Тинејџер од Индија го направи најмалиот сателит што ќе биде лансиран од NASA

45

satelit

Фото: Facebook

Тинејџер од Индија го направи најлесниот сателит во светот, чиешто лансирање во вселената со помош на NASA е закажано за јуни. Сателитот на 18-годишниот Рифатх Шарок тежи 64 грама и е избран како победничка креација на натпреварот на дизајнери Cubes in Space, организиран од страна на NASA и глобалната едукативна компанија idoodlelearning Inc.

Сателитот KalamSat, наречен по поранешниот индиски претседател Абдул Калам, е направен од карбонски влакна, пишува Oneindia. KalamSat ќе биде лансиран на 21 јуни, а во својот 12-минутен лет ќе дејствува како технолошки демонстратор и ќе обезбеди информации за планирањето на економскиот простор во иднина. Главната улога на сателитот, како што вели Шарок, ќе биде да се покаже ефикасноста на 3D печатените карбонски влакна.

Ова не е прв изум на Шарок. Кога имал 15 години на национално првенство за млади научници претставил хелиумски метеоролошки балон.