Тинејџерот кој го следеше авионот на Маск сега ги следи авионите на Путин и руските олигарси

336

Џек Свини е 19-годишен бруцош кој стана светски познат откако почна да го следи движењето на приватниот авион на милијардерот Илон Маск. Сега Свини е во центарот на вниманието бидејќи почнал да ги следи приватните авиони на руските олигарси.

На неговиот „радар“ се најдоа Илон Маск, Бил Гејтс, Џеф Безос, но и некои други познати и многу богати луѓе.

Но, се чини дека Свини најде нова цел. Тој отвори нов профил на Твитер чија единствена цел е да ги следи приватните авиони на руските олигарси. Како што објасни за Bloomberg News, тој го создаде профилот „Russian Oligarch Jets“ откако започна руската инвазија на Украина, а светот започна со санкции против Русија.

Тој открил дека го отворил профилот откако добил повеќе барања за да ги следи руските милијардери по воениот напад на Украина од страна на Русија.

Свини ги пронашол приватните авиони што се во сопственост на богати Руси и направил бот за нивно следење, а потоа го отворил профилот на „Твитер“ на кој објавува податоци за движењето на овие авиони.

Тој отворил и посебен профил за авионите на високи функционери во Русија и авионите за кои се претпоставува дека ги користи Владимир Путин.

„Авионите што ги имаат овие Руси се апсолутно луди. Тие се огромни во споредба со другите“, изјавил студентот.

Свини само ги споделува информациите за локацијата на авионите, но нема информации за тоа кој се наоѓа во нив.