Преку платформата Тинекс, ти и јас компанијата Тинекс склучи договор за соработка со Здружение за поддршка и помош на социјално исклучени и сиромашни лица Храна за сите – БХМ.
Компанијата склучи и договор за соработка со Банка за храна во Македонија кои се клучна алка во ланецот за дистрибуција на храната до оние социјално исклучени и сиромашни лица, каде на дневна основа ќе доставува леб и бели пецива.
Преку оваа соработка Тинекс се вклучува кампањата покрената од програмата на Обединетите нации за животна средина, од Организацијата за храна и земјоделство (FAO) и од Организацијата за рециклирање (WRAP), се со цел да се спречи непотребното фрлање на храната.
“Голема чест и задоволство ми претставува што нашата компанијата стана дел од светските компании кои се приклучија во глобалната кампањата за непотребно фрлање на храната. Особено сме горди на оваа соработка со Банката за Храна, бидејќи ја остваруваме нашата цел, а тоа е да помогнеме максимално на сите оние социјално загрозени лица”, изјави генералниот директор на Тинекс, Кристина Тодоровиќ Николиќ.
Банката за храна која е придружна членка на Европската Федерација на Банки за Храна – ФЕБА ќе ја доставува храната преку својот ланец на дистрибуција секој ден до секој град во Републиката. Преку оваа соработка ќе бидат опфатени неколку центри низ Скопје, Битола, Охрид, Штип, Струга, Струмица, Тетово, Прилеп, Куманово.