Фото: Pixabay
Луѓето често се грижат за храната што ја јадат, за тоа дали водата што ја пијат е здрава, дали овошјето и зелечнукот коишто ги конзумираат се органски, дали воздухот е чист и се трудат во телото да внесуваат што е можно помалку токсини.
Но, што е со токсичните луѓе во вашето опкружување?
Секој познава вакви луѓе, можеби живеете, работите или се дружите со нив. Токсичните луѓе ви ја одземаат енергијата. Препознајте ги и одбегнувајте го нивното присуство.
Љубоморни
Љубоморните луѓе никогаш не се среќни со она што го имаат и не се способни да бидат среќни кога нешто убаво им се случува на другите. Тие не знаат да го ценат напредокот на другите и мислат дека ако нешто добро треба да се случи, треба да им се случи на нив.
Лажговци
Се додека има луѓе, ќе има и такви кои лажат. На хроничните лажговци никогаш нема да знаете кога да им верувате, па никако не може да се потпрете на нив. Ќе ве лажат за другите, а ќе ги лажат и другите за вас.
Негативци
Сигурно познавате некој што секогаш е бесен и се сомнева во се`. Времето коешто го поминувате со негативни луѓе, е залудно потрошено време, тие само ја “подгреваат“ негативната енергија во вас.
Судии
Ваквите луѓе сакаат да критикуваат, а не сакаат никогаш да бидат критикувани. Тое се луѓе кои не знаат да слушаат, а навика им е да изигруваат судии најчесто кога не треба.