Типови пријателки кои треба да ги има секоја жена

101

Колку пријателки имате? Не познанички со кои понекогаш се слушате на телефон или повремено се сретнувате на улица, па разменувате некој збор, туку баш пријателки. Личност со која може да разговарате, дружите, пиете кафе, излегувате. Тоа се оние вистински личности на кои ќе се сетите кога во денот имате “милион“ обврски, а вас ви текнува на нив и колку долго не сте се виделе.

Невозможно е да пронајдете една личност, односно да имате една пријателка со која ќе можете да поразговарате за секоја тема. Затоа ни се потребни различни пријатели, односно различни типови пријателки.

Ова се типовите на пријателки кои секоја жена треба да ги има, личности со различни особини, а можеби во некој тип ќе се препознаете и самите:

Искрена

Да, тоа е онаа пријателка која нема влакна на јазикот. Таа секогаш ќе ви каже што мисли и како стојат работите, без филтер на јазикот. Нејзе тактичноста не ѝ е силна страна, но затоа и ја сакате. Колку и да сакате да го разубавите светот околу себе, понекогаш мора да бидеме реални, а овој тип на пријателка е токму таков.

Духовна

Тоа е оној тип на пријателка која смислата за сè ја наоѓа во филозофија и барање на длабоко значење на работите или едноставно во вербата. Кога проблемите во животот ви се толку големи и не сте сигурни како понатаму, повикајте ја неа, бидејќи таа ќе ви пружи поддршка и ќе ви каже дека не е се така сиво.

Авантуристка

Пријателка која ги прави сите работи што вие ги сакате, но не можете (или не се осмелувате). Таа ве охрабрува да пробате нови егзотични јадења или да тргнете во скокање со банџи. Се разбира, вие велите не на повеќето од предлозите, но многу сакате да слушате за нејзините смели обиди и нови искуства. Но, понекогаш успева да ве убеди да пробате нешто ново. Овој вид на пријател е добро да се има затоа што ве тера да излезете од вашата зона на удобност и да сфатите дека има толку многу други работи во светот што можете да ги направите. Тоа го стимулира авантуристичкиот дух во вас.

Комичарка

Можеби немате премногу чувство за хумор, но затоа ви треба пријателка која може да ве насмее. Таа има необична, помалку саркастична смисла за хумор и фори од кои ќе “пукнеш“ од смеење.

Посветена

Таа е секогаш тука за вас. Ако ѝ се јавите во три часот наутро за да дојде, бидејќи вашата гума се дупнала, ќе ѝ требаат само пет минути да дојде. Кога ви треба нешто, секогаш е таму. Може да се рече дека потпора и поддршка и веројатно не знаете многу пати како би било ако не би била оваа пријателка. Таа е едноставно таква – нејзината животна мисија е да им помогне на другите.

Мудра

Овој пријател ги знае сите изреки на животот од сите можни филозофи и мислители кои некогаш биле родени. Оваа пријателка не само што ја црпи својата мудрост од книги, туку и од сопствените и другите животни искуства. Таа е скромна, не се фали ниту се жали за тоа како поминала низ “сито и решето“.

Фото: Pexels