Ексклузивниот хотел Titanic Beach Lara којшто многу потсетува на потонатиот Титаник се наоѓа во Анталија, Турција.
Луксузното здание има вкупно 551 соба, а секоја од нив има дел што потсетува на бродот.
Фирмата која стои зад изградбата на хотелот сакаше на еден начин да го истакне гламурот и пространоста на импресивниот брод. Така, на одредени места можат да се забележат дури и кајчиња за спасување, слични на оние од Титаник.
Гостите имаат на располагање три надворешни базени, аква парк, турска бања, ресторани, барови, терени за разни спортови, приватна плажа и сè што може да понуди еден хотел од пет ѕвезди.