Ткаенина чува податоци без употреба на технологија

5

oo

Фото: University of Washington

Научници од Универзитетот во Вашингтон создадоа паметна ткаенина со спроводливи конци што зачувува податоци без притоа да користи било каква технологија, пишува Engadget.

Благодарение на нејзините магнетни полиња, ткаенината може да складира дигитални или сликовни податоци како бројки или букви. Досега тимот успеа да вклучи податоци од типот на 2D слики, низи од битови, со чија помош можат да зачуваат лозинки. Овие информации потоа можат да се прочитаат со помош на смартфон што во себе има вграден магнетометар.

Тимот креираше ракавица од овој материјал којашто може да направи одредени движења пред смартфон со 90% точност. Секое движење пренесува одреден магнетски сигнал што поттикнува специфична функција како паузирање или слушање на музика.

Според истражувачите, ткаенината е погодна да се искористи и во многу додатоци како ѓердани, алки, вратоврски и ремени коишто потоа ќе ги складираат податоците. Она што е добро во овој случај е тоа дека магнетизираната ткаенина нема да ги изгуби податоците при перење, пеглање или сушење.