Ткаенина со мирис на виски – соработка меѓу Johnnie Walker и Harris Tweed Hebrides

22

viski i tvid

Двата најголеми шкотски брендови – Johnnie Walker и Harris Tweed Hebrides, направија необичен потег – ткаенина што мириса на виски, пишува BBC.

Двете шкотски компании се надеваат дека на овој начин ќе ја зголемат продажбата на своите уникатни производи што ги нудат, а на клиентите ќе им обезбедат уникатно задоволство. Оваа линија на облека се развива на факултетот за текстил и дизајн од Единбург – Heriot Watt University’s School.

Мирисот под името Aqua Alba е дизајниран за да ја реплицира аромата што се ослободува од чаша виски.

“Процесот на изработка на ткаенината опфаќа посебна техника преку која аромата од Johnnie Walker навлегува во структурата е и трајно врежан во материјалот“, вели Доналд МекКеј, кој го предводи одделот за изработка на овие “паметни материјали“.