Јапонија важи за земја со високо ниво на хигиена, па од таа причина воведе “тоалетна хартија“ за мобилни телефони во тоалетите на интернационалниот аеродром Narita, пишува The Guardian.
Оваа тоалетна хартија, поставена веднаш до вообичаената хартија, ќе им помогне на патниците да ги избришат своите паметни мобилни уреди и да ги исчистат од различни микроби и бактерии.
Причината поради којашто се поставува оваа тоалетна хартија се последните резултати од истражувањата што покажуваат дека на екраните на мобилните уреди има повеќе бактерии одошто во јавните тоалети во Јапонија.
На тоалетната хартија има порака “Добредојдовте во Јапонија“, како и други информации како што се Wi – Fi места и корисни туристички совети.
Иницијативата за поставување на тоалетната хартија за мобилни уреди е на најголемиот мобилен оператор во Јапонија – NTT DOCOMO.