Toggl Track – апликација специјализирана за следење на потрошувачката на време

91

Toggl Track е дефинитивно една од најпопуларните апликации за следење на потрошеното време, односно за следење на работното време. Прилично е удобна за користење, не само затоа што е практично дизајнирана, туку и затоа што всушност нуди доста погодни можности.

Во основа, сè се сведува на тајмер што се користи за снимање на времето, а потоа може да се генерираат извештаи врз основа на снименото време. Се што се внесува во апликацијата е синхронизирано со облакот, па преку веб-страницата може да се прегледаат одработените часови, а има и апликации наменети за компјутери.

Дополнително, Toggl Track нуди и други корисни работи како што е поддршката за техниката Pomodoro (техника заснована на претпоставката дека секоја задача може да се подели на низа задачи со пократки временски интервали одделени со кратки паузи). Постои, исто така, соодветно дизајниран календар, употреба на кратенки, создавање „фаворити“, интеграција со многу алатки и услуги и многу повеќе.

Основната верзија и на услугите и на апликациите може да се користат бесплатно, а за многу повеќе опции, треба да се претплатите на еден од достапните пакети кои чинат од девет до 18 долари месечно по корисник (можете да ги пробате пред да одлучите да плаќате редовно).