
Тојота Мотор Кор. денеска објави дека е принудена да ги затвори сите 14 свои фабрики во Јапонија.
Портпаролот на компанијата изјави за АФП дека производните линии „не можеле да ги испорачаат нарачаните делови поради грешка во системот“, пренесува Teletrader.
Сепак, јапонскиот автомобилски гигант вели дека не верува дека грешката е предизвикана од сајбер напад.
Според извештаите, неизвесно е кога фабриките на Тојота ќе можат да го обноват производството.











