Тојота ќе прекине поголем дел од производството во јануари отколку што неодамна беше најавено бидејќи инфекцијата со Ковид-19 меѓу работниците во автоиндустријата ја забави испораката на делови, соопшти компанијата во понеделникот.
Поради проблеми во испораките, кои доаѓаат во време на недостиг на полупроводници, планираното производство овој месец ќе биде намалено за 65.000 возила или 18.000 повеќе отколку што беше најавено минатата недела, изјави портпаролот на компанијата.
Компанијата ќе се обиде да го надомести изгубеното производство во февруари, додаде тој.
Тојота минатата недела објави дека очекува да не го достигне планираното годишно производство од девет милиони возила бидејќи нема доволно чипови.
Деловната година во јапонскиот производител завршува на 31 март, потсетува Ројтерс.











