Тојота повлекува 2,77 милиони автомобили

38

Најголемиот производител на автомобили во Јапонија, Тојота, најави дека ќе повлече 2,77 милиони автомобили од пазарот, поради проблеми со водната пумпа и управувањето.

Повлечени ќе бидат моделите на хибридот Приус и Корола.
Имено, одлуката билa донесена откако компанијата добила 400 жалби во Јапонија кои се однесувале на проблеми со водната пумпа и неколку жалби за проблеми со управувањето.

Ова соопштение од страна на автомобилскиот гигант доаѓа откако во месец октомври оваа година, Тојота повлече 7,43 милиони автомобили поради ризик од пожари.