Toјота повлекува 370.000 автомобили

27

2012-Toyota-Tacoma-FrontЈапонската автомобилска компанија Тојота најави дека повлекува 370.000 пик-ап автомобили Такома, најмногу од САД, поради проблеми со сигурносниот појас.

Во соопштението од компанијата се вели дека проблемот е во завртките на сигурносниот појас, кои што при чести и нагли затворања на вратата постои опасност да се олабават.

Најголем број возила ќе бидат повлечени од САД 342.000, од Канада 27.000, а од Германија 60 илјади.

Станува збор за модели произведени од помеѓу 2004 и 2011 година.