Тојота повлекува 900.000 возила поради проблеми со воздушните перничиња

25

toyota-corolla-airbagsТојота повлекува 907.000 возила низ целиот свет, главно од моделот Corolla, поради неисправни воздушни перничиња и 385.000 Lexus IS Luxury поради дефектни бришачи.

Портпаролот на јапонскиот произведувач на автомобили изјави дека не се забележани сообраќајни несреќи или повредени поврзани со овие дефекти, туку дека добиле 46 извештаи за проблеми со воздушните перничиња во Северна Америка и еден во Јапонија. Пријавени се 25 случаи на проблем со бришачите.

Поради проблеми со воздушните перничиња, од САД, Јапонија, Мексико и Канада се повлекуваат Corolla и Corolla Matrix модели произведени во периодот декември 2001 до мај 2004.

На контролните сензори на воздушното перниче можат да влијаат разни електронски шумови, па во најлош случај, перничето може да се активира во погрешен момент. Проблемот со бришачите е што се заглавуваат при обилни снежни врнежи, соопштија од Тојота.