
Јапонскиот производител на автомобили „Тојота Мотор“ објави пад на продажбата на возила низ целиот свет втор месец по ред, главно поради помалата побарувачка на Блискиот Исток.
Вкупната продажба во март падна на 897.871 возила и е намалена за 7,3 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави „Ројтерс“.
Продажбата во странство се намали за 7,2 проценти, а на домашниот пазар за 7,8 проценти.











