Тојота се враќа на врвот, продажбата зголемена за 22%

20

Јапонската компанија Тојота оваа година ќе ја врати титулата најголем произведувач на автомобили во светот, по падот на трето место во 2011 година.

Компанијата за оваа година предвидува раст на продажбата за 22%, односно 9,7 милиони возила продадени ширум светот. Силниот раст на продажбата во САД и земјите од југоисточна Азија го компензираа драстичното намалување на побарувачката во Кина, до кое дојде поради бранот анти-јапонски протести поради територијални спорови меѓу двете земји.

Јапонскиот произведувач планира во 2013 година на го надмине овој рекорден обем на продажба за 2%. Во планот за следната година, Тојота предвидува производство на 9,94 милиони автомобили.

Во 2011 година, Тојота се најде под американскиот Џенерал моторс и германскиот Фолксваген. Претходно беше на врвот како најдобар произведувач и продавач на автомобили три години по ред, од 2008 до 2010 година.