Токио добива нов облакодер со неверојатен поглед

4

luksuz-dizajn-arhitektura-uzivanje-tokio-toranj-neboder-99Градот на облакодерите – Токио ќе добие уште една неверојатна градба чија висина ќе изнесува 230 метри, а ќе располага со огромна тераса на покривот и неверојатен поглед на метрополата.

Новиот облакодер ќе биде составен од 49 ката и ќе се гради во популарниот дистрикт Шибу, во непосредна близина на метрото.

Покрај спектакуларната тераса зградата ќе има повеќе намени, односно во неа ќе се наоѓаат бутици, канцеларии, резиденции и неколку простори за културни активности. На покривот, исто така, ќе се најде и модерен хелиодром.

На проектот заедно работат три компании Kengo Kuma & Associates, Nikken и Sanaa.

luksuz-dizajn-arhitektura-uzivanje-tokio-toranj-neboder (4)luksuz-dizajn-arhitektura-uzivanje-tokio-toranj-neboder (3)luksuz-dizajn-arhitektura-uzivanje-tokio-toranj-neboder (1)