Токио сака да употреби е-отпад за изработка на медалите за следните ОИ

48

e-wassteОлимписките игри само што завршија во Рио, а Токио како домаќин на следните во 2020 година веќе има идеја како да ги изработи медалите што ќе се доделуваат, пишува Inhabitat. Организаторите веќе работат на идејата да се собере доволно отпад од електронски уреди како смартфони и слично, со цел да се направат златните, сребрените и бронзените медали за Олимписките игри.

Во 2014 година Јапонија успеа да собере 143 килограми злато, 1.566 килограми сребро и 1.112 тони бакар, клучна компонента на бронзата, од расипани електронски уреди. Обично градовите што ги организираат ОИ бараат од рудниците да донираат материјали, но Токио можеби нема да мора да оди по тој пат.

Ова беше договорено на состанок одржан во јуни, каде организаторите на ОИ од Токио се сретнаа со луѓе од владата и претставници од компании за мобилни телефони, скапоцени метали и компании за рециклирање. На состанокот меѓу другото беа дадени разни предлози како да се зголеми свесноста кај луѓето во врска со програмите за рециклирање и како да се обезбеди доволно материјал во следните четири години.

Рециклирањето е веќе широко распространето во земјата. Најмногу се рециклираат картонски пакувања од млеко, капачиња од пластични шишиња и слично.