Токсични мисли што го саботираат успехот

19

otrov

Фото: Pexels

Секој подвиг што ќе го направиме зависи од начинот на којшто размислуваме. Токму затоа не можеме да смениме ништо ако се држиме за лошите токсични мисли што ни го кочат успехот.

Сега е вистинско време да престанеме да …

Се споредуваме со другите

Единствената личност со која треба да се натпреварувате е таа што секое утро ја гледате во огледало. Ако се споредувате со други, никогаш нема да победите.

Да не веруваме никому

Ако не можете да верувате никому, дури ни на себе, тешко ќе одите напред. Довербата е кревка работа, лесно се губи и тешко се заслужува. Но, довербата раѓа доверба, затоа најпрво верувајте во себе за да можете да им верувате и на другите.

Да се грижиме за туѓото мислење

Сè додека се окупирате со тоа што другите мислат за вас, нема да размислувате позитивно, а успехот ќе биде далечна дестинација. Треба само да го правите тоа што го сакате, да успеете и со тоа да им дадете повод на другите да зборуваат.

Да дозволуваме проблемите да нè совладаат

Кога премногу размислуваме создаваме проблеми и онаму каде што ги нема. Проблемот е во тоа што мислиме дека имаме проблем и дозволуваме таа мисла да нè води.

Да мислиме дека имаме контрола врз сè

Не можеме да контролираме сè. Единствено нешто што може да го контролираме се нашите реакции.

Да се навраќаме на минатото

Минатото е минато, иднината е она што нè чека, а сегашноста треба да се живее до максимум. Успехот лежи во тоа да се научи нешто од минатото, да се примени истото во сегашноста и со ведри мисли да се надеваме на убава иднина.