Тоневски: Sixt е еден од првите избори кај деловните клиенти кога станува збор за корпоративни солуции

707

Делфино е семејна компанија која што своите операции ги започнува во 1995-та година во авио бизнисот. Во 2004-та година, Делфино ја проширува својата дејност во секторот на рент а кар каде што станува франшизен партнер на ” Sixt Rent a Car”  за Македонија. Со само 4 возила и големи амбиции Sixt Македонија стабилно расте, достигнувајќи јубилејни 20 години и повеќе од 500 возила во својата флота.
Делфино почнувајќи од вториот квартал на 2024-та година станува официјален и ексклузивен импортер на кинескиот бренд “Geely”.

“Sixt е еден од првите избори кај деловните клиенти кога станува збор за корпоративни солуции. Тоа значи дека ние како компанија им овозможуваме на нашите клиенти целосно преземање на обврските околу нивната флота. Одржувањето, сервисирањето и сите пропратни обврски се наши, а задача на клиентот, е само да ужива во возењето на неговото секогаш ново и премиум возило“, вели во интервју за Бизнис Инфо, Илија Тоневски, директор за развој во Delfino Rent a Car/Sixt.

Бизнис Инфо:Накратко претставете ја вашата компанија, кои сè услуги ги нудите?

Делфино е семејна компанија која што своите операции ги започнува во 1995-та година во авио бизнисот. Почнуваме како генерални застапници за унгарската компанија “Malev Hungarian Airlines”  и продолжуваме со грчките ” Olympic Airways” и”Aegean Airline” како и чешката “Czech Airlines”.
Во 2004-та година, Делфино ја проширува својата дејност во секторот на рент а кар каде што стануваме франшизен партнер на ” Sixt Rent a Car”  за Македонија. Со само 4 возила и големи амбиции Sixt Македонија стабилно расте, достигнувајќи јубилејни 20 години и повеќе од 500 возила во својата флота.

Олицетворение на успешната приказна во Македонија е фактот што ” Sixt DE ” во 2023-та година нѝ ја додели и франшизата за Албанија каде што веќе во втората година, нашата флота ќе биде опремена со 500 возила, доаѓајќи до вкупна бројка од 1.000 возила во нашата групација.

Бизнис Инфо:Кои се најбројни корисници на рент а кар во Македонија? Кои се вашите целни групи?

Како “mobility” компанија посветени сме нашите услуги да бидат кроени по мерка за било која потреба на нашите клиенти. Како најбројни, можам да ги истакнам нашите сограѓани кои се одлучиле за живот во странство. Националните и државните празници преферираат да ги поминат во Македонија, а ние сме тука да ја олесниме логистиката при нивните патувања. Не би ги изоставил и туристите кои ја бираат Македонија за почеток на нивната балканска тура и нивните одмори ги поминуваат истражувајќи го целиот балкански регион. Сектор на кој особено се гордееме се нашите корпоративни клиенти. Sixt е еден од првите избори кај деловните клиенти кога станува збор за корпоративни солуции. Тоа значи дека ние како компанија им овозможуваме на нашите клиенти целосно преземање на обврските околу нивната флота. Одржувањето, сервисирањето и сите пропратни обврски се наши, а задача на клиентот, е само да ужива во возењето на неговото секогаш ново и премиум возило.

Бизнис Инфо: Дел од природата на секој бизнис е да расте и да се шири. Вашата флота на возила ќе ја збогатите со кинескиот бренд за возила Гили. Кога ќе бидат достапни овие возила?

Делфино почнувајќи од вториот квартал на 2024-та година станува официјален и ексклузивен импортер на кинескиот бренд “Geely”.  Geely се пласира во топ 10 светски авто брендови како и во топ 500 компанија на светско ниво. Предноста кај Geely е она што во изминативе години, преку аквизиции, стана целосен сопственик на брендови како што се Volvo, Polestar, Lotus, Zeekr, Lynk & Co, Proton, како и стратешки партнер и акционер во Aston Martin. Партнерствата и аквизициите му овозможија на Geely да има размена на технологија помеѓу своите брендови што значи дека иако е класифициран како кинески автомобил, Geely има ДНК иста како големите европски авто-играчи коишто се дел од групацијата. Отвораме хибриден и модерен авто-салон којшто ќе биде достапен и видлив за сите. Веруваме дека Geely за брзо време ќе се позиционира како доверлив партнер во патувањата на нашите клиенти. Гамата на возила ќе вклучува 3 различни СУВ модели, а останатите детали ќе ги оставам како изненадување за месеците кои што доаѓаат.

Бизнис Инфо:По што се разликувате од другите компании во индустријата?

Не би сакал да се споредувам со останатите брендови. Со гордост можам да кажам дека релацијата помеѓу најголемите играчи во рент а кар индустријата во Македонија е пријателска. Сите се бориме за место под сонцето и тоа го правиме успешно со години. Можам да кажам што нè прави уникатни внатрешно во нашиот голем бренд што вклучува повеќе од 150 земји.

На годишните собранија на Sixt во Рим ( 2018 ), Монако ( 2022) и Виена ( 2023 ), Sixt Македонија е одбрана и наградена како земја со највисоко ниво во категоријата “задоволство кај клиентите”.  Фактот што Sixt Македонија е светски Sixt лидер во најважната категорија во нашиот бизнис, говори за истрајноста и нивото на нашата професионалност. Наградите им припаѓаат на целиот наш тим, каде што заедно покажуваме дека нашата работа е тимска, и само тимски може да се достигнат резултатите со кои може да се гордееме.

Бизнис Инфо:Како гледате на рент а кар индустријата? Со какви проблеми се соочувате?

Лимитираниот маркет секако предизвикува одредени предизвици. Можеби Македонија нема пристап до море, но доколку се потрудиме заеднички на државно ниво да ги промовираме убавините што ги нуди нашата држава, сигурен сум дека туристите ќе можат да поминат еднакво прекрасен одмор во Македонија како и во приморските држави. Како главен предизвик би сакал да ја напоменам (не)организираноста кога станува збор за отворање на рент а кар компанија во Македонија. За жал, не постои никаков закон што ги определува минималните услови што треба една компанија да ги исполни со цел да отвори рент а кар. Нашата индустрија е услужна дејност, и како таква, влегува во мозаикот кој ја претставува нашата земја. Се соочуваме со компании кои издаваат возила во исклучителна лоша состојба, и стотици илјади километри. За жал, тоа остава негативен впечаток кај клиентите. Но, доколку се оттргнеме од предизвиците и ја погледнеме иднината за нашата индустрија, ќе видиме дека сите дејности еволуираат. Рент а кар услугите имаат голема историја во бизнис светот, и истите носат бројни прилики и можности како може да се развиваат. Ние сакаме да се класифицираме како мобилити компанија, со што би сакале да им посочиме на нашите клиенти дека без разлика во која насока се движи мобилити секторот во иднина, ние ќе бидеме тука да ги поддржиме и ги подигнеме нивните очекувања и искуствата.