Како никогаш криптовалутите добија на популарност иако во светот се “рударат“ години наназад. Тие делуваат слично како акциите – се купуваат по една цена, се продаваат по друга и разликата што ќе се оствари претставува профит.
Порталот Howmuch.net направи анализа на цените на криптовалутите од почетокот на годината и состави листа на оние со најголем процент на добивка.
Листата изгледа вака:
Binance +777,39%
Dogecoin +700%
Cardano +616,7%
Polkadot +380,63%
Stellar +307,69%
Chainlink +192,5%
Ethereum +168,36%
Tezos +166,5%
Vechain +150%
Bitcoin +95,21%
Фото: Pexels