Топ 10 најбогати жени на планетата

181

Според последните податоци на Bloomberg Billionaire Index од октомври оваа година, најбогата жена на планетата е ќерката на основачот на L’Oreal, Франсис Бетенкур Мејер. Нејзиното и богатството на нејзиното семејство, како што пренесува Howmuch.net, достигна вредност од 65,9 милијарди долари.

Вицешампионската позиција на има Алис Волтон, член на семејството што стои зад Walmart, а располага со богатство од 61 милијарда долари. Трета најбогата жена на планетата е Мекензи Скот, коосновач на Amazon и поранешна сопруга на Џеф Безос. Богатството на Скот, според Bloomberg Billionaire Index, достигна 59,6 милијарди долари.

Меѓу 10-те најбогати жени во светот се најдоа и: Џулија Коч (55,8 милијарди долари), Жаклин Марс (41,3 милијарди долари), Лорен Пауел Џобс (31,6 милијарди долари), Јанг Хијан (27,7 милијарди долари), Џина Рајнхарт (20,3 милијарди долари), Сузан Клатен (20,2 милијарди долари) и Жонг Хијан (20,1 милијарда долари).

Најбогатите жени во светот доаѓаат од неколку индустрии, што вклучуваат: мода и малопродажба, храна и пијалаци, како и недвижнини. Пет од 35-те најбогати жени се од семејството Марс, што е познато во кондиторската индустрија.

Фото: Freepik