Топ 10 најдобри авиокомпании и аеродроми за 2018 година

4

Фото: Pexels

Компанијата Air Help, којашто е позната по силното залагање за обесштетување на сите патници доколку нивните летови доцнат или се откажат, секоја година објавува листа на најдобрите и најлошите авиопревозници и аеродроми на светот.

Проценките на Air Help се темелат на три клучни фактори и тоа: дали летовите доцнат, каков е квалитетот на услугата и како се однесуваат, како и колку брзо реагираат на приговорите на патниците. Во селекцијата на аеродромите критериумите се слични, а во предвид е земена и варијаблата како патниците се чувствувале додека престојувале на одреден аеродром.

Листата на 10 најдобри авиокомпании на светот за 2018 година, според Air Help изгледа вака:

  1. Qatar Airways
  2. Lufthansa
  3. Etihad Airways
  4. Singapore Airlines
  5. South African Airways
  6. Austrian Airlines
  7. Aegean Airlines
  8. Qantas
  9. Air Malta
  10. Virgin Atlantic

Додека пак, 10 најдобри аеродроми се:

  1. Hamad International Airport, Доха, Катар
  2. Athens International Airport, Атина, Грција
  3. Tokyo Haneda International Airport, Токио, Јапонија
  4. Cologne Bonn Airport, Келн, Германија
  5. Singapore Changi Airport, Сингапур
  6. Nagoya Chubu Centrair Airport, Нагоја, Јапонија
  7. Viracopos International Airport, Кампинас, Бразил
  8. Amman Queen Alia Airport, Аман, Јордан
  9. Guararapes-Gilberto Freyre International Airport, Ресифи, Бразил
  10. Quito International Airport, Кито, Еквадор

Помеѓу 10-те најлоши аеродорми, пак, на листата се најде и Paris Orly, како и London Stansted Airport.

Од вкупно 141 аердором кои се вклучени на листата на Air Help, дури девет од 10-те најлоши се европски аеродроми. Несреќната титула за најлош годинава ја понесе Меѓународниот аеродром во Кувајт.