Фото: Pixabay
Магазинот Fortune направи листа на најпочитувани компании во светот, врз основа на мислењето на 3.750 аналитичари, директори и експерти.
Технолошкиот гигант Apple е најпочитувана компанија и се наоѓа на врвот од листата на Fortune. Зад него се: Amazon и Berkshire Hathaway. На дно на листата се најдоа: Charles Schwab, Exxon Mobil и Samsung Electronics.
При оценка на компаниите, предвид се земени неколку важни параметри: иновации, управување со човечки ресурси, социјална одговорност, користење на корпоративните средства, менаџмент на квалитет, вредност на долгорочни инвестиции, квалитет на производите и услугите што ги нудат и колку се конкурентни на глобалниот пазар.