Топ 10 најпосетувани страници на интернет

221

Најпосетуваната страница на интернет е Google.com, интернет пребарувач, со 45,4 милијарди посетители, според податоците собрани од Finbold и се однесуваат на септември 2021 година.

YouTube е втор со 14,1 милијарди, а гигантот на социјалните мрежи Facebook беше трет со 11,2 милијарди посети.

Wikipedia.org на четвртото место, забележувајќи 5,8 милијарди посетители. Веб-страницата на Аmazon, онлајн гигантот за малопродажба, е на петтото место со три милијарди посети.

На шесто место е Yahoo.com со 2,9 милијарди посетители, по што следат Instagram.com со исто така 2,9 милијарди.

Со 2,4 милијарди посетители Twitter.com е на осмото место, додека Yandex.ru има 2,3 милијарди.

Платформата за возрасни содржини Pornhub.com е 10-та со 2,2 милијарди посети.