Топ 10 најпродавани марки на автомобили во Европа

424

Продажбата на европските автомобили падна за 21,7 отсто во декември, завршувајќи ја годината обележана со критичен недостиг на полупроводници и раст на заразени со коронавирусот, а регистрациите за 2021 година паднаа за 1,5 отсто, според индустриската групација ACEA.

Најголем успех постигнаа групите кои најдобро можеа да го издржат недостатокот на чипови, а тоа се Hyundai (+22 проценти) и Toyota (+10 проценти). Но, други, како што се Renault, Daimler и Volkswagen Group, забележаа голем пад и во продажбата и во уделот на пазарот.

Марката Volkswagen остана првата марка во Европа, но нејзината продажба во 2021 година падна за 6,2 отсто на 1.274.137. Peugeot го зазеде второто место со пад од 2,3 отсто на 724.383. Тоа беше само за 12.000 повеќе од третопласираната Toyota.