ТОП 10-те највлијателни земји во светот

116

Според порталот US News and World Report, САД се највлијателната земја во светот во 2022 година, а Кина и Русија се на второ и трето место.

Oва се заснова на набљудување колкаво влијание има секоја земја, како и на нејзината политичка, економска и воена моќ.

Според весникот, САД се најдоминантна економска и воена сила во светот, чиј културен печат се протега во светот, а во првите редови на тоа е популарната култура, која се изразува во музиката, филмовите и телевизијата.

Сепак, САД, како што е наведено, се во време на „немири“, вклучително и расно мотивирани протести.

Втора највлијателна земја е Кина. Најнаселената земја во светот е втора по големина економија во светот.

Сепак, како што наведува американскиот портал, таа земја страда од внатрешни борби и растечка нееднаквост. Но, и покрај сето тоа, има огромно влијание врз светот.

Русија е на трето место и покрај војната во Украина. Сè уште е најголемата земја во светот по површина и една од најголемите светски економии, благодарение на производството на нафта и гас.

На четвртото место меѓу највлијателните земји во светот и покрај големата економска и енергетска криза е Германија. Американскиот портал наведува дека земјата има една од најголемите економии и дека има значајна улога во меѓународната заедница од обединувањето во 1990 година.

На петтото место е Велика Британија – „високо развиена нација која има значително економско, политичко, научно и културно влијание“.

Според американскиот портал, Јужна Кореја е на шестото место меѓу највлијателните земји во светот, а потоа следат Франција, Јапонија, Обединетите Арапски Емирати и Израел на десеттото место.