Топ 500 франшизи во светот според Entrepreneur

82

Американскиот магазин Entrepreneur по 37-ми пат ја објави годишната листа на топ 500 франшизи во светот.

Jimmy John’s Gourmet Sandwiches

JimmyJohns1

Станува збор за синџир на ресторани за брза храна во Америка. Приматот го добива благодарение на брзата услуга не само во рестораните, туку и кога е во прашања доставата до дома. Компанијата е основана во 1983 година, а првата франшиза ја продава во 1993 година.

Hampton by Hilton

hampton

Првиот Hampton хотел е отворен во Мемфис, САД, во 1984 година. Во 1999 година беше преземен од страна на Hilton Worldwide, којшто има хотели во повеќе од 90 земји во светот.

Supercuts

supercuts

Се работи за фризерскиот салон Supercuts, чија франшиза е трета најдобра во светот според Enterpreneur. Основана е во 1975 година во Калифорнија како алтернатива меѓу скапите и маалските фризерски салони. Тие ја развиваат техниката на потстрижување за само 20 минути.

Servpro

servpro

Четвртата најдобра светска франшиза е Servpro, компанија специјализирана за чистење и реновирање на куќи и станови по поплави, пожари и други видови на несреќи. Постојат веќе 50 години, а во последно време фокусот на работата го насочуваат кон чистење и реновирање на поголеми деловни комплекси (деловни згради, складишта, ресторани, погони и слично).

Subway

subway

Subway е препознатлив систем на франшиза во светски рамки кога станува збор за брзата храна. Може да се пофали со над 44.000 единици во 111 земји во светот. Компанијата во последно време се залага за исфрлање на вештачките бои, вкусови и конзерванси во храната што ја продаваат. До 2025 година планирано е да прејде кон користење на месо од животни што се одгледувани без да користат антибиотици.