Top Chess – платформа на која корисниците играат шах и заработуваат

278

sahovski figuri

Top Chess претставува платформа за играње шах, што ги поврзува професионалците во овој спорт (носители на FIDE титулата) и љубителите на шахот. Преку оваа платформа, освен развивањето на шаховска стратегија, играчите може да заработуваат пари и да освојуваат награди во својот домен, но и едни против други доколку се предизвикани, пишува порталот Start it.

Основач на Top Chess е шаховскиот велемајстор од Србија, Владимир Раичевиќ, кој заедно со неговите колеги ја направи оваа on line платформа, која на љубителите на шахот им нуди поинакво искуство.

На страницата има три сегменти. Chess Academy е наменета за они кои сакаат да играат со најдобрите светски велемајстори и на тој начин да стекнат нови знаења, проучувајќи тактики и стратегии кои ги користат врвните играчи на овој спорт. Chess Arena е сегмент што е наменет за играње на турнири на кои учесници може да освојат вредни парични награди. Третиот дел се однесува на оние кои сакаат on line да играат со нивните пријатели – Chess Fun.

Наградите на Top Chess се во реален, а не во виртуелен облик, а освоените средства може автоматски да се подигнат преку кредитна картичка.

Бизнис моделот на Top Chess е развиен така што годишна членарина плаќаат само шахистите аматери, додека носителите на FIDE титулата имаат премиум членство. Уште еден извор на приходи се надоместоците што ги плаќаат аматерите доколку сакаат да предизвикаат некој велемајстор и други професионалци кои се членови на Top Chess.

Промотор на Top Chess е поранешниот светски шаховски велемајстор, Владимир Крамник.