Top Gear го прогласи Nevera на Rimac за најдобар спортски електричен автомобил

58

Познатиот британски автомобилски магазин Top Gear го прогласи Nevera на Rimac за најдобар спортски електричен автомобил на годината.

Само неколку недели откако магазинот GQ ја прогласи Nevera за хиперавтомобил на годината, Rimac Nevera беше прогласен за најдобар спортски автомобил на наградите Top Gear Electric 2022.

„Во име на тимот на Rimac Automobili, кој неуморно работеше на подобрување на Nevera во изминатите неколку години, тоа е огромна привилегија“, велат Rimac Automobili во објавата на Facebook.

Зборувајќи за Nevera, помошник уредник на списанието Top Gear, Том Форд рече: „Еволуцијата на револуцијата – Nevera е резиме на технолошкото знаење на хрватскиот производител Rimac, а кога станува збор за електрична енергија и напредните системи за контрола, Rimac е бог на молњата. Електричните хиперавтомобили се нов и поинаков вид. Nevera – во моментов – е кулминација“.