Top Glove го запира производството на медицински ракавици во над пола од фабриките

31

Малезискиот производител на медицински ракавици за еднократна употреба, Top Glove објави дека го запира производството во фабрики поради заострените мерки за сузбивање на пандемијата.

“Top Glove ја информира јавноста дека фабриките за медицински ракавици во Кланг некое време нема да работат, во склад со директивите за зајакната контрола за движење“, стои во соопштението.

Повеќе од половина од фабриките на Top Glove се наоѓаат во местото Кланг во сојузната држава Селангор.

Најголемиот производител на медицински ракавици во светот напомена дека чека дополнителни објаснувања од здравствените власти.

Малезија минатата година ги заостри ограничувањата за движење и работа на компаниите и фабриките во главниот град Куала Лумпур и во соседната сојузна држава Селангор до 16-ти јули за да го запре силниот раст на бројот на новозаразени со коронавирус.

Фото: Pexels