Топ менаџерите во затвор ако фирмата “заглави” во финансиски проблеми

41

banki germanijaГерманската влада го усвои предлогот за построги нови закони за банки кои би требало финансискиот сектор да го направат поотпорен на нови кризи, а на банките и осигурителите да им наметне поголема одговорност во случај на стечај.

Законот ќе се применува на институциите чии високоризични операции сочинуваат една петина од вкупниот биланс, односно вредност чии високоризични операции надминува 100 милијарди евра. Со тоа на банките ќе им биде наложено да го префрлат ризичното работење во посебни правни и финансиски ограноци.

Новиот закон од банките ќе бара и да состават вонредни планови за реструктуирање, односно за гасење на активностите, во случај да се најдат во финансиски проблеми.

За високорангираните менаџери и извршни директори се предвидени казни затвор во траење од пет години доколку се утврди дека ја занемариле должноста на подрачјето управување со ризици и им дозволиле на компаниите да завршат во финансиски тешкотии.

“Ниту еден финансиски пазар, финансиски играч или финансиски производ нема да биде исклучен од надзорот. Чекор по чекор ќе воспоставиме нова регулаторна рамка за финансиските пазари. Новиот закон ќе биде директно насочен на отстранување на недостатоците кои го прават финансискиот пазар ранлив на кризи, а воедно ќе го реши прашањето на недостаток на одговорност од страна на банките и банкарите”, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.