Топ пет работодавци во Хрватска

65

hr 1

Фармацевтската компанија Јадран Галенска Лабораторија (ЈГЛ) е наградена со сертификат Работодавец Партнер, што го доделува компанијата Selectio, водечка хрватска групација специјализирана за советување за човечки ресурси и потрага по кадри.

На листата Топ пет работодавци, покрај ЈГЛ се наоѓаат и компаниите Випнет, Coca Cola, Плива и Валамар. Добитници на сертификат се успешни компании кои имаат одлична пракса во управување со човечки ресурси и задоволуваат високи стандарди за квалитет.

Проектот е поддржан од порталот МојПосао и неделникот Лидер. За да ги задоволат стандардите за сертификат, компанијата мора да има најмалку 75% од вкупните можни поени, но најмалку 70 поени во секоја од петте оценувани области: статегија; регрутирање и селекција; работа, мотивација и наградување; усовршување и развој и однос кон вработените.