Топилницата се брише од мапата на Велес

83

topilnicaСо усвојување на Предлогот за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Велес за 2013 година, односно измените на Генералниот урбанистички план (ГУП) се брише Топилницата за олово и цинк од целокупната планска документација, а просторот се пренаменува во заштитно зеленило, пренесува МИА

Оваа одлука, како што информира советничката Валентина Делиманчева Андреева од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, ја донеле советниците на Советот на општина Велес на завчерашната седница.

Во Програмата е опфатено и проширување на ГУП-от за индустриската зона Речани кој предвидува изградба на лесна и незагадувачка индустрија и станбени куќи во оваа област.