Топло e

49

ventilator

Фото: Pixabay

Доаѓаат топли и најверојатно уште потопли денови, кога и вака и онака, температурата е неподнослива. Топлите денови насекаде се исти, но затоа ние луѓето сме различни. Притоа и различно реагираме на температурите, но во периодот пред летото и во летото, поплаките дека е топло и дека е неиздржливо се зголемени.

Но животот и работата не трпат моменти – дали е топло или не е, туку тие треба да си врват. Има многу опции што може да ги направите во тој период и сите тие зависат од вашите можности, но јас би сакал да споделам со вас некои совети, како да го поминеме овој период со помалку поплаки за времето, а со иста или со зголемена продуктивност:

  • Менаџирање со времето – ќе излезете порано на закажаните состаноци за да не брзате. Подобро е да одите неколку минути порано отколку на состанокот постојано да се жалите дека надвор е претопло.
  • Приоритети – во овој период приоритетите треба да ви бидат адаптирани, па можеби и намалени. Со поставувањето на приоритети, целта е ефективно и ефикасно да се извршат работите, а не само да ги завршите бесцелно. Адаптацијата треба да биде насочена и кон часот на извршување на задачите.
  • Облека – доколку работната позиција дозволува, не мора да се носат облеки со долги ракави. За менаџерите: дозволете да се доаѓа без вратоврска и долги кошули или костими, со тоа имате заштеда на употреба на разладни уреди и позадоволни колеги, а работата ќе биде завршена. Но, само доколку е во можностите на дејноста што се обавува.
  • Паузи – почести паузи со цел да се одмора телото и можност за консумација на пијалаци, најдобро вода, со цел за рехидратација на телото.
  • Организација – сите надворешни активности, доколку сте во можност, организирајте ги пред и после топлиот период во денот. Но, немојте да ви биде пречка и причина за изговор да не ги завршувате работите.
  • Вентилација – проветрување на просторијата во која работите е повеќе од потребна. Доколку немате разладни уреди, тогаш нека има провев и циркулација на воздухот, а користете и вентилатори. А оние со разладни уреди, адаптирајте ги на некоја соодветна граница, не претерувајте со многу ниски температури (промените од таа во собата и во онаа надвор, може да се неподносливи)
  • Исхрана – во овој период избегнувајте тешки јадење и повеќе фокусирајте се на овошје и зеленчук и за ова не би споменувал многу, безброј пати и ние сме ги споменале како начин на функционирање на телото во кој било услови, а да не зборуваме за период на потопли надворешни и работни температури.

Може да наведам безброј совети за кои сум сигурен дека ги знаете подобро и од мене и за сите нив сме свесни за нивната потреба во овој период, а не само да се жалиме и да бараме оправдување дека е топло, но колку од нив ги имплементираме?

Со успех во промените.