Toshiba најсериозен кандидат за изградба на нуклеарен реактор во Бугарија

56

nuklearen reaktor

Westinghouse Electric е најсериозниот кандидат за потпишување на договор за изградба на нуклеарен реактор во бугарската централа Козлодуј. Вредноста на овој проект се проценува на 4,8 милијарди долари, пишува бугарски Стандард.

Westinghouse Electric е јапонска подружница на компанијата Toshiba со седиште во САД. Потпишувањето на овој договор ќе ги одбележи првите чекори на оваа компанија во источна Европа.

Меѓународните компании, како што се Toshiba, Hitachi и Mitsubishi, ги анализираат можностите за инвестирање во странство по драматичниот пад на домашната потрошувачка предизвикан од земјотресот и разорното цунами што ја погоди Фукушима во 2011 година.

Предвидена е изградба на над 100 нови реактори ширум светот. Околу 40% од нив се сконцентрирани во Кина и Русија, каде јапонските компании немаат голема конкуренција од локалните играчи.

Во обид да ја намалат зависноста од увоз на природен гас од Русија, земјите од источна Европа ја интензивираат политиката за примена на нуклеарната енергија. Податоците на јапонскиот совет за нуклеарна енергија покажуваа дека Бугарија и Литванија прават проекти за производство на енергија од нуклеарен погон, а во Романија и Словачка во тек е изградба на реактори.

Westinghouse Electric треба да потпише договор со бугарскиот енергетски холдинг за изградба на реактор со излезна моќност од еден и 1,2 милиони киловати, а целиот проект треба да се заврши до 2025 година.

Вредноста на овој проект достигнува 4,87 милијарди долари, но Westinghouse Electric може и да купи акции во нуклеарната подружница на бугарската енергетска компанија.