Total Glue – лепак што лепи со помош на сина светлина

33

Фото: Kickstarter

Total Glue е супер брз лепак, којшто за само пет секунди може да залепи ќерамика, пластика, метал, стакло и дрво.

Благодарение на неговата специјална формула Total Glue ги лепи предметите и материјалите кога е изложен на сина светлина. Откако ќе се стави лепак, се поминува местото со сина светлина којашто е вградена во производот и по 5 секунди производот е залепен, а може да лепи и без неа.

Производот доаѓа со тенки иглички што се погодни за лепење и на помали површини како накит, чевли, 3Д принт и слично.

Total Glue е дело на старт-ап со седиште во Јута, САД и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 50.130 долари, од потребните 5.000 долари, а кампањата трае уште 23 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.