TouchPico – мини проектор за паметни телефони

93

touchpico

TouchPico, проектор за паметни телефони, започна да собира средства за производство преку Indiegogo  и веќе надмина 80% од посакуваниот износ, јавува порталот netocracija.

Станува збор за мал андроид проектор со големина на паметен телефон кој го проектира екранот на паметниот телефон на ѕид или друга чиста површина и овозможува управување со уреди што користат инфрацрвени зраци.

pico

Тимот што стои зад TouchPicoтврди дека овој уред овозможува различни начини за употреба, почнувајќи од деловни презентации па се до следење спортски натпревари. Уредот има големина слична на мобилен телефон и може да се стави во џеб, а е посебно практичен за користење на секое место на кое има доволно чист простор за прикажување.

touchpico-2

Цената на TouchPico е околу 360 евра, иако на почетокот на кампањата била предвидена цена од околу 260 евра.

TouchPico