Tour of Croatia, спортско – туристичка манифестација за промоција на природните убавини на Хрватска

18

hr

Првото издание на спортско – туристичката манифестација Tour of Croatia, етапна велосипедска трка, ќе се одржи на траса од 900 километри долж јадранското крајбрежје, Истра и поголем дел од внатрешноста на Хрватска, од 22 до 26 април. На манифестацијата ќе учествуваат 20 светски професионални екипи со 160 натпреварувачи, а трката преку преносите на Eurosport, ХРТ и други ТВ канали во 54 земји од светот, дневно ќе ја следат најмалку 15 милиони гледачи, стои во соопштението на интернет страната на хрватското Министерство за туризам.

Tour of Croatia ќе се одржи под покровителство на Министерството за туризам, Хрватската туристичка заедница и Министерството за заштита на животната средина со поддршка на спонзори. Организаторите и претставниците на главните партнери се согласни дека оваа манифестација е од голема важност за промоција на туристичката понуда и природните убавини на Хрватска, но и многу скапа за организирање. Проектот е подготвуван две години, а вкупните трошоци се околу 1,45 милиони евра.