Товарниот брод со луксузни автомобили потона во Атлантикот

660

Голем товарен брод кој превезуваше автомобили од Германија до САД потона во близина на португалските Азорски острови, 13 дена откако се запали, соопштија пристанишните власти.

Бродот „Фелисити Ас“ долг 200 метри потона и покрај обидите да се повлече до пристаништето, бидејќи претрпе структурни оштетувања.

Хеликоптер на португалските воздухопловни сили евакуирал 22 членови на екипажот кога избувнал пожарот, па бродот продолжил да плови.

Не е наведено колку автомобили имало на бродот, но бродови со големина на Фелисити Ас можат да превезуваат 4.000 возила.

Европските производители на автомобили одбија да разговараат за бројот и моделите на возила пронајдени на бродот.

Причината за пожарот не е позната, а португалските власти претпоставуваат дека пожарот го предизвикале литиумските батерии кои се користат во електричните возила, иако наведуваат дека немаат цврсти докази.

Властите стравуваат од загадување на океаните, иако засега нема индикации дека нафтата истекла од резервоарот.