Toyota го запира производството во пет фабрики

Од компанијата Toyota Motor денеска објавија дека производството ќе биде запрено во пет домашни фабрики во јануари поради проблеми со синџирот на снабдување, недостиг на чипови и пандемијата Ковид-19.

Најголемиот јапонски производител на автомобили објави дека затворањето на фабриките ќе влијае на околу 20.000 возила, но нема да влијае на нивната годишна цел за производство на девет милиони возила, објави Ројтерс.

Минатата недела Toyota ги објави плановите за значително намалување на производството на возила во Северна Америка во текот на јануари и дека ќе бидат произведени 50.000 единици поради проблеми со снабдувањето.