Toyota и Mazda ќе формираат компанија за производство на електрични автомобили

28

toyota-2533927_960_720

Фото: Pixabay

Следни во бизнисот со електрични возила се Mazda и Toyota. Двата јапонски производители на автомобили заедно со Denso Corporation ќе формираат нова компанија што ќе го носи името EV Common Architecture Spirit Co Ltd, пишува The Verge.

Toyota ќе поседува 90%, додека Mazda и Denso ќе имаат по 5% од компанијата. Возилата што ќе се произведуваат во компанијата ќе ја инкорпорираат модуларната платформа на Toyota којашто се користи во моделите како Prius Camry 2018.

Како што велат од компаниите, планирано е производство на секаков вид на возила од мали автомобили до големи SUV.

И покрај тоа што Toyota е пионер во производството на хибриди две децении, гигантот веќе има сериозна конкуренција од помали компании коишто претставуваат електрични возила за масовно производство.