Toyota инвестира 600 милиони долари во кинеската компанија Didi

51

Јапонскиот производител на автомобили, Toyota инвестира 600 милиони долари во кинеската компанија Didi Chuxing, што преку апликација нуди превоз, пишува Financial Times.

Преку ова заедничко вложување, компанијата планира да ја прошири соработката на кинескиот пазар.

Toyota веќе соработува со Didi за развој на автономно возило, што ќе го носи името e-Palette, за патници и испорака на други компании, како што се Uber, Amazon и Pizza Hut. Компанијата планира да го претстави возилото за Олимписките игри што ќе се одржат во Токио во 2020 година, а за комерцијални цели да се користи од 2023 година.