Toyota ќе инвестира 1,3 милијарди долари за нов електричен SUV

Тојота соопшти дека ќе инвестира 1,3 милијарди долари во својата фабрика во Кентаки за електрификација, вклучително и составување на нов електричен SUV  за пазарот во САД.

Проектот ја носи вкупната инвестиција во фабриката на речиси десет милијарди долари, пренесува Ројтерс.

Овој потег доаѓа во време кога ветеранските производители на автомобили, како што е Ford, отстапија од своите амбиции за електрични возила (EV) и го пренасочија својот фокус на хибридни и бензински модели.

Најавената инвестиција го поддржува процесот на склопување на е-возила, но и дополнителна линија за пакување батерии, кои ќе ја испорача фабриката во Кентаки од Toyota Battery Manufacturing North Carolina.

Фабриката во Кентаки, клучната американска база на јапонскиот производител на автомобили, вработува околу 9.400 работници и составува дури 550.000 возила годишно.