Еден од најголемите светски производители на автомобили Toyota најави дека ќе инвестира 50 милиони долари во истражување на вештачка интелигенција во центрите на Институтот за технологија во Масачусетс и на Универзитетот Стенфорд, пишува Russia Today.
Истражувањето ќе се фокусира на социјалните бенефиции, коишто се однесуваат на фактот како автомобилите да бидат побезбедни и да им го подобрат квалитетот на животот преку зголемена мобилност и роботика, особено кај постарите лица.
“Нашиот фокус на почетокот ќе биде ставен на развој на технологија за создавање интелигентни возила коишто ќе имаат за цел да помогнат во намалување на бројот на жртвите во сообраќајот“, вели Кијотака Ис од Toyota.