Toyota ќе нуди возење во автономни автомобили за време на Олимписките игри во Токио

16

За време на летните Олимписки игри коишто ќе се случуваат следната година во Токио, посетителите ќе можат да се возат во новиот автономен автомобил на Toyota.

Производителот ќе понуди возење во моделот SAE Level-4 низ метрополата со што ќе се тестира и самоуправувачката технологија Chauffeur.

Заинтересираните за тест возења ќе можат да се пријавуваат, а возилата ќе бидат достапни од јули до септември во областа Одаиба, којашто е една од најпрометните во градот.

Од Toyota велат дека токму “предизвикувачката“ околина со високата фреквенција на возила ќе овозможи нивниот автомобил да ги демонстрира своите автономни способности.

Според јапонските закони, зад возилото ќе има возач кој доколку е потребно ќе ја превземе контролата во свои раце.

Фото: Toyota