Јапонскиот производител на автомобили Toyota Motors патентираше дизајн на систем за летачки автомобил, пишува Jalopnik.
Според патентот, крилата на овој автомобил ќе бидат поставени на покривот за да заземаат помалку место. Од нивната сила ќе зависи подигнувањето на автомобилот во воздух.
Според патентот на Toyota, овој автомобил – авион ќе има четири или повеќе летала, коишто ќе бидат поставени едно над друго.
Слични вакви конструкции биле дизајнирани и на почетокот на минатиот век.