Toyota прави визири за американските болници

42

Јапонскиот производител на автомобили Toyota ќе започне со производство на визири за болници во САД и ќе работи на производство на респиратори и маски за лице, пренесува Japan Times.

Компанијата соопшти дека ќе активира фабрики во близина на болници во американските држави Индијана, Кентаки, Мичиген и Тексас, кои претходно престанаа со работа за снабдување на заштитни визири за болници.

Toyota со најмалку две компании е во последните фази на преговори за производство на респиратори, а исто така бара партнери за производство на заштитни маски.

“Бидејќи нашите фабрики не работат и нашите продавачи се фокусирани на услуги на клиентите, ние сме подготвени да придонесеме со нашата експертиза и знаење за да помогнеме на пазарот на медицински материјали и опрема неопходни за борба против коронавирусот“, рече новиот шеф за операциите на Toyota во САД од Тед Огава.

Toyota е најновата во низата производители на автомобили во САД кои се фокусираат на производство за помагање во спречување на ширење на коронавирусот.

Фото: Pixabay