Toyota развива робот што ќе им помага на болните и немоќните лица

2

toyota robot

Јапонскиот производител на автомобили Toyota развива робот под името Human Support Robot (HSR), чија задача ќе биде пружање помош на постарите и болни лица кои се врзани за кревет, пишува Digital trends.

toyota robot 1

Роботот има исклучително мало тело и подвижна рака, со што со голема леснотија може да подигнува предмети паднати на земја, спушта или става предмети на полиците и во орманот.

HSR може да го управува лице од далечина со помош на таблет или пак самиот корисник.